Не треба многу за да усреќите некого – Спајдермен, Бетмен, Супермен и Дедо Мраз со јажиња се спуштија на Клиниката за детски болести – ММС
ММС

Објавено на: 12/23/21 12:28 PM

Не треба многу за да усреќите некого – Спајдермен, Бетмен, Супермен и Дедо Мраз со јажиња се спуштија на Клиниката за детски болести

„Да подариме насмевка“ е мотото на тимот на Црвен крст на град Скопје, кој со волонтерите на Тимот за одговор при катастрофи – Тим за спасување на планина, облечени во костимите на детските херои, Спајдермен, Бетмен и Супермен, а потпомогнати од Дедо Мраз, со јажиња се спуштија на Клиниката за детски болести.

Овие главни ликови од животот на дечињата, на малите пациенти им подарија насмевки и новогодишни пекетчиња за претстојните празници.


-Не треба многу за да усреќите некого. Бидете и вие нечиј херој, велат од Црвениот крст на град Скопје, за овој настан, кој се одржува по четврти пат.