Личната карта ќе биде вметната во апликацијата за ковид со која се потврдува идентитетот и статусот на вакцинација на лицето. Ова го најави заменик министерот за грчка дигитализација, Теодорос Ливанијос.
Апликацијата „Ковид фри ГР“ за мобилни телефони и таблети има за цел да им олесни на граѓаните да достават доказ за имунитет на ковид при влез во продавници и други затворени простории, пишува „Катимерини“.
Ливанијос рече дека апликацијата ќе содржи и фотографија, име, презиме и датум на раѓање.
„Забележавме дека кога одиме во продавница, согласно постоечките мерки против ширење на Ковид, покрај потврдите, без разлика дали се на мобилен или на хартија, мора да покажеме лична карта“, рече министерот.
Тие детали ќе бидат вметнати во апликацијата, додаде министерот, нагласувајќи дека на овој начин граѓаните ќе можат да покажат само еден, унифициран доказ.
Извор: poitika.rs