Швајцарската мултинационална инвестициска банка УБС направи анализа на цените на станбените недвижнини во 25 градови во светот и проценка каде има најголем ризик на пазарот на недвижности од „пукање“ на балонот.
Германија и тамошните градови се на врвот на светската листа според цените на недвижнини кои се повисоки за најмалку за 30 отсто од пред пет години.
Апартманот со три соби, со поглед кон деловниот центар на Франкфурт, чини 9 милиони евра. Затоа неговите жители го викаат градот Мејнхетен, алудирајќи на прескапиот њујоршки Менхетен. Франкфурт инаку, е еден од најбогатите градови во Германија. На листата на УБС, Франкфурт доби највисоки 2,16 поени, следуваат Торонто со 2,02, Хонг Конг со 1,90 и на 4-то место е Минхен со 1,84 поени.
Во последно време, секој втор Германец има недвижен имот, а до 2006 година, помалку од 42 отсто од граѓаните поседуваа имот, а сега нивниот процент изнесува 47 отсто. На ова влијаеле повеќе фактори, од екстремно ниските каматни стапки за станбените кредити, преку зголемувањето на цените на закупнината, до фактот дека големите штедачи во некои банки плаќале негативни каматни стапки на своите депозити. Затоа парите се насочувале кон недвижнини, па просечните цени во однос на средината на 2016 година скокнале за приближно 50 отсто. Се додава дека интересот на Германците за недвижнини особено се зголемил за време на пандемијата.
Податоците на Бундесбанк покажуваат дека на крајот на 2020 година станбените кредити достигнале ниво од 1,45 билиони евра, што е за околу 6 отсто повеќе од претходната година.
Извор: biznis.telegraf.rs