Брена по 20 години прозборе за киднапирањето на синот Стефан – ММС
ММС

Објавено на: 12/23/21 9:28 AM

Брена по 20 години прозборе за киднапирањето на синот Стефан

Пејачката Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ и денеска не можат да ги заборават ужасите што ги преживеаја во 2000 година, кога пред нивната куќа на Бежанијска коса во Белград беше киднапиран нивниот, тогаш, осумгодишен син Стефан.

– Со Боба никогаш не сме имале брачни проблеми. Нашите единствени проблеми се поврзани со киднапирањето на Стефан… – рече Брена и додаде дека киднапирањето не оставило никаква траума на нејзиниот наследник:

– Стефан сега е среќен! Се пресели, но постојано доаѓа кај нас. Тој е насмеан, задоволен, а јас поради него сум таква! Наскоро ќе започне сопствен бизнис, ќе работи нешто што навистина му се допаѓа. Ја испроба својата пејачка кариера, но не му се допадна, рече Брена.
Информер.рс неодамна откри клучни детали за киднапирањето на Стефан Живојиновиќ. Весникот  стапи во контакт со личниот курир на Душан Спасојевиќ Кум, Бојан Т., кој рече дека синот на Брена и Боба бил киднапиран од Средоје Шљукиќ Шљука. Тој тврдел дека бил сведок на разговор во кој некој од тогашната Влада на Србија му се јавил на лидерот на „земунскиот клан“ и му наредил да направи се за да го врати Стефан кај семејството.
Кога слушнал дека синот на Брена е киднапиран, Спасојевиќ почнал да вика, бранејќи се дека нема врска со тоа. Викаше дека никогаш нема да зема пари на деца, бидејќи и самиот има деца. Брзо дознал дека Шљука го направил тоа, па рекол: „За ова ли ќе ме намести!“ Наредил да го следат Шљука, а потоа да го убијат… – открил Бојан за Информер.