Треба да спречи тешки форми на болеста – Таблетата на Фајзер е прво одобрено лекарство против Ковид-19 – ММС
ММС

Објавено на: 12/23/21 8:21 AM

Треба да спречи тешки форми на болеста – Таблетата на Фајзер е прво одобрено лекарство против Ковид-19

Американската агенција за лекови (ФДА) го одобри итна употреба против Ковид-19 првото лекарство што е важна фаза во борбата против пандемијата, и може да им овозможи на милиони пациенти да добијат третман.

„Ова одобрување обезбедува ново средство за борба против Ковид-19 во важен момент за пандемијата, кога се појавуваат нови соеви“, наведе Патриша Кавазони, функционерка во ФДА.

Таблетата може да се дава на високоризични пациенти постари од 12 години, наведува американската агенција. Лекарството – Паксловид – ќе може да се земе дома и треба да спречи тешки форми на болеста.

МИА