Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, заедно со заменик директорот Екрем Зендели, денеска подели 45 решенија за интерни унапредувања на вработени во ЦУК.
– Oд вработувањата најголем дел се однесуваат на оние кои не биле внатрешно унапредени по звања од почетокот на работа во ЦУК од 2005 одина, а голем дел досега – веќе 15 години, биле и со најниски почетни звања во својата административна кариера.
Како што информираат од ЦУК реализирањето на интерните унапредувања е во реалација на унапредување и на функционалноста на ЦУК.
– Овие остварени 45 внатрешни интерни унапредувања годинава, а секако и со идните најавени во наредната 2022 година, покрај кадовско професионално унапредување во работната средина, се очекува да бидат и во контекст на веќе започнатото целокупно унапредување и функционирање на ЦУК, согласно современите текови на кризниот менаџмент во Европа и Светот, стои во соопштението.
Доделувањето на унапредувањата се одвивало на неколку последователни скратени киолегиуми распределени во работни групи, согласно организационите целини каде што припаѓаа унапредените колеги.
МИА