Дванаесетгодишниот Марко ќе добие финансиска награда и стипендија – ММС
ММС

Објавено на: 08/30/18 1:23 PM

Дванаесетгодишниот Марко ќе добие финансиска награда и стипендија

Eднократна парична награда во висина од 100.000 и стипендија „Спортска надеж“ ќе добие дванаесетгодишниот Марко Пејчиноски од Агенцијата за млади и спорт.

– За подвигот што го направи Марко Пејчиноски кој на 12 години го преплива Охридското Езеро, како директор на АМС побарав од Советот да му се додели еднократна парична помош од 100 илјдаи денари и секако да биде вметнат во стипендиите „Спортска надеж“ за што имаме дискреционо право дополнително да предложиме. Марко јасно ни покажува за каков талент се работи и какви резултати може да очекуваме од него во иднина доколку се работи правилно на неговиот раст и развој –  изјави директорот на Агенцијата, Дарко Каевски за МИА.

Тој соопшти дека АМС се обврза да направи стручен тим кој што ќе направи програма за развој и подобрување на спортските услови за Пејчиноски во иднина да прерасне во успешен спортист.