Нови 320 случаи на ковид-19, оздравеле 214 пациенти, починале 8 лица – ММС
ММС

Објавено на: 12/22/21 3:03 PM

Нови 320 случаи на ковид-19, оздравеле 214 пациенти, починале 8 лица

Во последните 24 часа se регистрирани 320 нови случаи на ковид-19, од 3.366 тестирања. Осум лица починале, а оздравеле 214 пациенти. Од новите случаи, во Скопје се 165, Прилеп – 26, Охрид –18, Кавадарци – 16, Битола – 11, Велес – 10, Куманово – 8, Струмица – 7, Тетово и Ресен – по 6, Гевгелија, Радовиш и Валандово – по 5, Кичево и Кочани – по 4, Штип и Берово – по 3, Гостивар, Неготино, Крива Паланка, Делчево, Богданци, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2, Свети Николе, Виница, а во Пробиштип и Демир Хисар – по 1, информираат од Министерството за здравство.
Од оздравените пациенти, од Скопје се 120, Кавадарци – 19, Битола – 18, Куманово – 8, Охрид – 6, Велес, Штип и Неготино – по 5, Прилеп, Тетово и Свети Николе – по 4, Струмица, Гевгелија и Пробиштип – по 3, Кочани – 2, Ресен, Валандово, Богданци, и од Струга и Дојран – по 1.
Починати лица од Скопје има 3 (56г, 64г и 80г), две се од Кавадарци (29г и 59г), и по едно починато од Велес (77г), Охрид (72г) и Ресен (72г). Сите  починале во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 7 лица кои починале во период од 14-19.12.2021 година. Тие се од Пехчево (2), Куманово (1), Охрид (1), Кавадарци (1), Свети Николе (1) и Тетово (1). Починатите се на возраст од 42г до 85г. Тројца се починати во болнички услови, а 4 лица во домашни услови, соопштуваат од МЗ.
Досега во земјата се направени вкупно 1.558.639 тестови на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 222.064, бројот на оздравени пациенти е 208.938, на починати е 7.853, а на активни случаи изнесува 5.273.