Фудбалерот на Манчстер Сити, Бенџамин Менди е обвинет за уште едно силување. Тој се појавил пред судот во Честер каде што на товар му се ставија седум обвиненија за силување и едно за сексуален напад во врските со пет жени, пренесе Би-Би-Си.
Најновата тужба се однесува на нов поднесител на жалба и наводно се случила во јули годинава, а постарите тужби се однесуваат на случаите помеѓу октомври 2020 и август годинава.
Менди е во притвор од 27 август и еднаш веќе беше одбиено неговото барање за пуштање на слобода со кауција.
Манчестер сити после обвинувањата го суспендираше 27-годишниот француски фудбалер. Менди од 2017 година од Монако премина во Сити со кој освои три шампионски титули во Премиерлигата и два Лига купа.
Извор: Nova.rs
Фото: Marca.com