Владата на вчерашната седница го дополнила Протоколот за организирање на настани со медиско присуство, со измени кои се однесуваат за следење на настани на отворено и затворено од страна на медиумите и медиумските работници. Измените се однесуваат на следењето на настани од страна на новинарите и медиумските работници.
-Задолжително е поседување на Ковид сертификат за примени две дози на вакцини или потврда за прележан Ковид не постар од 45 дена од денот на прележувањето, соопшти владиниот портпарол Мухамет Хоџа.
Тој додаде дека промените се направени во согласност со Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ).