Во управите на ЈП „Исар“ и ЈП „Стипион“ влегоа поранешни пратеници, советници, директори – ММС
ММС

Објавено на: 12/22/21 12:56 PM

Во управите на ЈП „Исар“ и ЈП „Стипион“ влегоа поранешни пратеници, советници, директори

Меѓу првите одлуки што ги донесе мнозинството на Советот на Општина Штип, без опозициските советници од коалицијата на СДСМ, беше промената на Управните и Надзорните одбори на двете јавни претпријатија. На листите се луѓе, кои во минатото вршеле значајни јавни функции, но и нови имиња, кои се активни членови во владејачката коалиција на општинско ниво.

Од 16 ноември почна да им тече мандатот на новите членови на Управниот одбор на Јавното претпријатие за комунално-производни и други услужни дејности „Исар”-Штип. Именувани се:  Кирил Зајков, Билјана Хаџимова, Јонче Маноилов, Наумче Прлески, Павлина Николовска, Мирјана Ефремова, Иле Арев, Тошо Ристов и Методи Јорданов.

За претставници во Надзорен одбор за контрола на материјално – финансиското работење на „Исар” се именувани: Петре Арсов, Миле Вратеовски , Христина Серафимовска, Ванче Коцев, Александра. Во ЈП „Исар“ директор со времен мандат е Трајче Здравков.

Промени има и во Управниот и Надзорниот одбор на Јавното претпријатие за комунално-производни и други услужни дејности „Стипион”-Штип, каде в.д. директор е Игор Ефтимов.

Во УО на „Стипион“ влегоа Панче Стефановски, Роберт Аџипетров, Никола Панов, Даниел Јовевски,  Маријан Арсов , Марија Којзаклиска и Митко Арсов.

За претставници во Надзорен одбор за контрола на материјално – финансиското работење на „Стипион 2011“ се именувани:  Добрила Черкезова, Стојан Коцев, Марина Маџунарова Лазова, Мите Стојанов и Величе Николова.

За членувањето во одборите на членовите им следува месечен надоместок.