Пендаровски: Единствениот начин да ја вратиме довербата во институциите, е да имаме правна завршница во случаите каде има сомневање за сторените кривични дела – ММС
ММС

Објавено на: 12/22/21 12:46 PM

Пендаровски: Единствениот начин да ја вратиме довербата во институциите, е да имаме правна завршница во случаите каде има сомневање за сторените кривични дела

Со едно минутно молчење за починатите во автобуската несреќа во Бугарија, починатите во Модуларната болница и починатите од Ковид 19 започна обраќањето на претседателот на државата Стево Пендаровски пред пратениците во Собранието.

Тој истакна дека му е исклучително тешко втора година по ред годишно обраќање да го започнува во Собранието со оддавање почит на наши сограѓани кои повеќе не се меѓу нас.

„Серијата на ужасни лични трагедии и колективни трауми на нацијата треба конечно да ја разбудат сосвета на македоснкото општетсво и одговорноста на надлежните институции затоа што нема ништо повредно од човечкиот живот и ништо понеправедно ако губењето на тој живот е поради човечки фактор, системски пропусти или прекршени правила“, рече Пендаровски.

Тој истакна дека реформите во владеењето на правото се далеку најважниот приоритет за државата  и според негова проценка тоа ќе биде и треба да биде и во годините што се пред нас, сосема независно од нашето темпо на приближување кон Брисел.

„И покрај одредениот напредок констатиран во последниот извештај на Европската Комисија останува нашата стара обврска која неретко не ја почитуваме, реформите да ги имплементираме во пракса до крај. Најважниот аспект во изградбата на правна и функционална држава е еднаквоста пред законот, односно неселективноста за правдата со законите кои што ги носиме, не смееме да ги привилигираме оние кои не го почитуваат поредокот, наспроти оние кои го почитуваат. Посебно разочарува тоа што сите релевантни истражувања на јавното мислење го докажуваат растечкото чувство помеѓу граѓаните, дека во државата владее културата за неказнивост“, рече Пендаровски во обраќањето.

Единствениот начин да ја вратиме довербата во институциите, рече Пендаровски е да имаме правна завршница во секој случај каде што има сомневање за сторените кривични дела.

„Во автобуската несреќа во која загинаа 45 наши граѓани е само последниот во низата вакви случаи. Доколку овој како и некои претходни случаи не добијат судска завршница во разумен рок недовербата на граѓаните само ќе расте. Општество со такви тенденции е само плодна почва за појавата на авторитарни и популистички лидери кои наместо квалитетен процес ветуваат “брза и ефикасна правда“. Неселективноста во владеењето на правото и одговорноста е најдобриот начин да ја надминеме општетсвената апатија која се шири и разочарувањето особено помеѓу помладите кои не веруваат дека во оваа држава може да има правда“, рече Пендаровскикој истакна дека многу истражувања потврдуваат дека имиграцијата на нашите граѓани во голема мерка не е предизвикана само од егзистенцијални причини туку и од квалитетеот на животот или со други зборови луѓето заминуваат во други држави каде што правда има таму каде што и најбогатите и најмоќните одговараат за кршењето на законите исто како и луѓето истуркани на периферијата на животот.

Г.Д