Вкусна турска пита, едноставна и брза за подготовка – ММС
ММС

Објавено на: 12/22/21 10:55 AM

Вкусна турска пита, едноставна и брза за подготовка

Питите се одличен оброк кој може да се јаде во различни пригоди, како појадок, вечера, ужина или предјадење. Најпознати пити се бурекот и гибаница, а вистинската „домаќинка“ е пита гужвара. Но, кога ви требаат брзи решенија, одлучете се да направите турска пита. Ова е рецепт за пита со зеленчук, без кора, која се прави брзо и лесно.

Состојки:
2 компира, 2 домата, 3 зелени пиперки, 2 млади кромидчиња, 4 јајца, 1 лажичка сол, 100 гр. фета сирење, 1 шолја масло, 1,5 шолји млеко, 3,5 чаши брашно, 2 кесички прашок за пециво, рендано сирење
Подготовка: Исечете ги компирите, доматите, зелените пиперки и кромидот на мали коцки. Исцедете го сокот од нив. Потоа се матат јајцата, па се додава зеленчукот, солта, сечканата фета, маслото и млекото. Добро измешајте. На крајот додадете го брашното и прашокот за пециво. Калапот со дијаметар од 32 см премачкајте го со путер. Истурете ја смесата, посипете со ренданото сирење и печете на 200 ° C околу 30-35 минути.

Извор и фото: еpreso.co.rs