Цената на гасот во Европа за една година скокна за речиси 10 пати – ММС
ММС

Објавено на: 12/22/21 9:53 AM

Цената на гасот во Европа за една година скокна за речиси 10 пати

Цената на гасот во европската трговија е утврдена синоќа на ново рекордно ниво во сите времиња, приближувајќи се до нивото од 2.200 долари за илјада кубни метри.
Според податоците на лондонската берза ICE, цената на јануарските фјучерси на TTF во Холандија заврши на 2.190,4 долари за илјада кубни метри, или 187,47 евра за мегават-час што е скок од 27 отсто на дневно ниво.
Цената на гасот во Европа е повисока за 15,5 пати од декември 2019 година, а во однос на минатата година се зголеми за 9,8 пати.
Заменик-претседателот на Управниот одбор на Гаспром Холдинг, Фамил Садигов изјави дека рускиот гасен гигант очекува дека цените на гасот постепено ќе паѓаат во следните две години, но ќе останат над претходното ниво.

(МИА)