Експлодирал автомобилот на претседателот на Стопанската Комора за Енергетика на Македонија – ММС
ММС

Објавено на: 12/22/21 9:03 AM

Експлодирал автомобилот на претседателот на Стопанската Комора за Енергетика на Македонија

Експлозија во возилото во кое се возел претседателот на Стопанската Комора за Енергетика на Македонија, Ѓорѓи Манасков со сопатник, информираат на официјалната страница на Фејсбук на Стопанската Комора за Енергетика на Македонија.

Како што информираат експлозијата се случила додека тој се движел на автопатот кај обиколницата Визбегово према Скопје север.

Брзата интервентна полиција која била во близина и противпожарната екипа и веднаш реагирле, но не успеале да го изгаснат возилото Мерцедес С200 црна боја, кое целосно изгорело за неполни 3 минути. Во експлозијата нема повредени, информираат од Стопанската Комора за Енергетика на Македонија.

ЕКСПЛОЗИЈА во возилото во кое се возеше Претседателот на Стопанската Комора за Енергетика на Македонија Гдин Ѓорѓи…

Posted by Стопанска Комора за Енергетика на Македонија Chamber of Energy in Macedonia on Tuesday, December 21, 2021

Од МВР информираат дека вчеравечер во 21.14 часот во СВР Скопје било пријавено дека на обиколница, во близина на клучка „Мирковци“, настанал пожар во патничко возило во движење „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.М.(48) од Скопје. Пожарот бил локализиран од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

Фото: Фејсбук