Ноќеска околу 2 часот и 30 минути се случил пожар во просториите на ЈП Улици и патишта, како што изјави за ММС командантот на Територијалната противпожарната бригада на Град Скопје, Владимир Симоновски, сеуште немаат информации за причината поради која настанал пожарот и за повеќе детали ќе информираат подоцна.
Засега нема информации ниту дали има повредени и колкав дел од просториите кои се бараки се оштетени.