Профитира по аферата со градоначалникот – Тања Савиќ за Нова Година ќе заработи 25.000 евра – ММС
ММС

Објавено на: 12/21/21 3:57 PM

Профитира по аферата со градоначалникот – Тања Савиќ за Нова Година ќе заработи 25.000 евра

Тања Савиќ со месеци беше главна тема во медиумите поради драмите низ кои минуваше, како поради скандалот со поранешниот сопруг, така и поради наводната врска со Драшко Станивуковиќ. Реши да сврти нов лист во животот, но и профитираше.

Пејачката наводно за новогодишниот настап ќе заработи дури 25.000 евра. Тања ќе настапи во еден белградски клуб, а споменатата бројка би можела да биде и поголема, во зависност од тоа дали ќе има бакшиш.

Пејачката доживеа целосно фијаско кога нејзиниот се уште легален сопруг Душан Јованчевиќ во април минатата година без нејзино знаење отпатува во Австралија со синовите Максим и Ѓорѓе. По повеќе од една година успеа да ги донесе синовите во Србија. Кон средината на октомври се појави веста дека е во врска со градоначалникот на Бања Лука, Драшко Станивуковиќ, а романсата очигледно и ја зголеми цената на хонорарот.

Извор: mondo.rs