Хероината од серијата Емили во Париз голем дел од својот шарм му го должи на нејзиниот нескриен американски сензибилитет: искреност, бодрост, жив стил и, се разбира, неуспеси, иако дури и тие одат во нејзина корист. Но, за неодамнешната премиера на втората сезона во Лос Анџелес, Лили Колинс се сврте кон француската икона при изборот на нејзиното издание. Актерката се одлучи за шишки и коса со плетенка, која ја украси со машна. Во оваа прилика таа успешно ја ископира Брижит Бардо од периодот на 60-тите, што наскоро ќе го видите.
View this post on Instagram
За фризурата беше задолжен Грегори Расел, а моделот беше недвосмислен. Актерката неодамна ги пресече шишките, а некои ослободени локни му дадоа на изгледот романтична ретро нота. Со цел да го подобри севкупниот впечаток во кој мини фустанот со потписот на Валентино го украде шоуто, шминкерката Фиона Стајлс ги навиткала трепките на актерката, а овој пристап му дал на изгледот белег на луксуз и сето тоа со таква леснотија. Се на се, актерката остави разигран впечаток.
Мешавина од праско-розево руменило и неутрален кармин го надополни овој омаж, што одговара на празничната сезона. Ако сакате да се истакнете на вашиот следен собир, размислете во насока на волуменот, црните лакови и безгрижноста или погледнете кон Лили и зачинете го сето тоа со ентузијазам. Во секој случај ќе бидете забележани.
Преземено од: https://www.vogue.co.uk/
Фото: GETTY IMAGES