„Се расплакав од радост“ – Ферус Мустафов пресреќен, стана прадедо и го прослави 70 роденден – ММС
ММС

Објавено на: 12/21/21 7:39 PM

„Се расплакав од радост“ – Ферус Мустафов пресреќен, стана прадедо и го прослави 70 роденден

Во домот на кралот на ромската музика, Ферус Мустафов се е весело и веќе неколку дена се слави. Ферус кинг пред неколку дена стана прадедо, а вчера го пролсави јубилејниот 70 роденден.

-Се расплакав од радост. Има ли нешто поубаво од тоа да се проширува семејството, вели тој за ММС.

За жал за овие две битни нешта во неговиот живот не можеше да прослави така како што сакаше, поради пандемијата се собраа само најтесниот круг од семејството, без музики, без трубачи и без пејачки. Мала семејна прослава, вели тој.

-Пресреќен сум, што да кажам. А како и не би бил.  Прво ми се роди правнука. Лилјана, внука ми од син ми Илми, ја роди ќеркичката Јоана. Илми стана дедо, а јас прадедо. За секој човек е гордост да стане прадедо и на сте од срце им посакувам да ја дочекаат оваа радост, вели Ферус.

И досега радоста и славењето за добредојде на малата Јоана уште трае, се случи уште една прослава во домот на Ферус. Тој вчера го прослави јубилејниот 70 роденден.

-Најголем подарок за мојот роденден е правнуката. Што да очекувам освен да сме живи и здрави. Да ми е живо и здраво семејството и јас со нив. Убаво си поминавме, само со малку луѓе. Славевме во ресторан, но тоа славење не е ниту приближно од славењата кои сме ги правеле порано. Такво е времето, мора да внимаваме. Немаше музика, така чисто да одбележиме, рече тој.

Ферус секогаш знаел да се шегува на негова сметка, кога станува збор за жените, па и за секој роденден си посакувал многу жени. Што, пак, не значи дека сега нема таква желба, бидејќи се чувствува млад во срцето и душата.

-Јас не ни помислувам дека имам 70 години. Исто се чувствувам цел живот, без оглед колку се на број. Не мислам на годините воопшто. Порано мислев само на жените, сега, да бидам искрен, мислам и на жени на здравјето. Лошо време дојде, лугето се загрижени за своето здравје, па и јас нормално.  Ама и немам време за излегување.  Сега ќерка ми Мелек е многу строга и не ме пушта да излегувам. Но, важно е да сме здрави, живи и среќни. А јас се чувствувам пресреќен. Фамилијата ми расте и се шири и нема ништо поубаво од тоа, вели кралот на ромската музика.

(В.М.)