(ВИДЕО) Математички пресметки на Заев за „Отворен Балкан“ – Три е подобро од еден и шест е подобро од три – ММС
ММС

Објавено на: 12/21/21 2:32 PM

(ВИДЕО) Математички пресметки на Заев за „Отворен Балкан“ – Три е подобро од еден и шест е подобро од три

Денеска во Тирана се одржа седмиот самит на „Отворен Балкан“ помеѓу Македонија, Албанија и Србија, каде присуствуваа тројцата лидери на држави.

Премиерот Заев во своето на прес конференцијата истакна дека „Отворен Балкан“ има иницијатива да се шири кон оваа иницијатива која има перспектива за земјите од Западен Балкан да биде и поширока.

„„Отворен Балкан“ ќе расте  во Западен Балакн и пошироко, затоа што ова е балканска иницијатива. И сите ќе се согласиме дека три е подобро од еден…..секако шест е подобро од три, но јас ќе ве повикам да бидете фокусирани , да останете посветени затоа што „Отворен Балкан“ постанува атрактивна иницијатива и привлечен бренд, затоа што им служи искрено на граѓаните од третите земји“, рече Заев.

Српскиот претседател Александар Вучиќ на премиерот Заев му изрази благодарсност за се она што постигнале двете земји.

„Тебе многу ти благодарам за се, на огромниот труд, иако знам дека утре официјално поднесуваш оставка, сакам да ти се заблогадарам за се што направи и за пријателството меѓу Србија и Северна Македонија, за трите земји, на што работеше и градеше, и да му посакам добредојде на господинот Ковачевски“, изјави Вучиќ, најавувајќи нов самит на Отворен Балкан во мај или јуни во Белград.

Премиерот на Албанија, Еди Рама рече дека помеѓу три земји почнуваќи веднаш граѓаните ќе може слободно да ги минуваат границите, а со тоа и слободен проток на стоки и капитал.

„Денеска отворивме нова ера на Балканот. Со попишаните договори од јануари 2022 година граѓаните на нашите три земји, Албанија, Северна Македонија и Србија, слободно ќе може да минуваат на граница. Исто така се отворат можности за слободен протек на стока и капитал, без да имаат потреба трипати да обезбедуваат документи кои се поврзани со увозот и извозот. Со договорите се обезбедува увоз-извоз и на земјоделски прозводи и жив добиток врз основа на реципроцитет. Се што е во сржта на иницијатвата е во интерес на нашите граѓан“, рече Рама.

Албанскииот премиер Еди Рама, премиерот  Зоран Заев и српскиот претседател Александар Вучиќ го потпишаа договорот за условите за слободен пристап до пазарот на трудот на Западен Балкан, кој ќе овозможи воведување единствена работна дозвола за трите држави. Тројцата лидери потпишаа и договор за поврзување на системот за електронска идентификација на граѓаните на Западен Балкан.