Како да направите воздушесто тесто за пица – Тајната на совршената подлога е во една состојка – ММС
ММС

Објавено на: 12/20/21 8:36 PM

Како да направите воздушесто тесто за пица – Тајната на совршената подлога е во една состојка

Кога мирисот на тесто ќе се шири низ куќата, а вие сте воодушевени од комбинацијата на шунка и кашкавал, ретко кој ќе може да му одолее на италијанскиот специјалитет – пица.

Иако е многу важно кои намирници и колку ставате на пицата, едно е поважно, а тоа е тестото.

Сите знаеме дека тестото е всушност најдобриот и најважниот дел од пицата, а за да биде воздушесто, треба да го направите со една состојка која секој секогаш ја има во фрижидер.

Се работи за јогурт.

Со оваа намирница тестото за пица ќе ви биде совршено. Затоа ви подготвивме рецепт за тесто од јогурт, а резултатот ќе ве воодушеви.

Ако имате време, замесете тесто и оставете го во фрижидер преку ноќ.

Состојки:

250 мл јогурт

600 гр брашно

1 кесичка сув квасец

100 мл масло

50 мл вода

1 лажичка сол

Прстофат шеќер

Подготовка:

Во мало тенџере ставете го јогуртот и загрејте го да биде топол.

Извадете го садот од ринглата, па во садот истурете го јогуртот заедно со квасецот, шеќерот, водата и една лажица брашно.

Измешајте сè и оставете го квасецот да реагира 15 минути.

Покријте го садот со крпа или алуминиумска фолија.

Кога ќе нарасне квасецот се додава масло и сол, се меша па се додава брашното малку по малку.

Месете го тестото така што ќе се одвои од ѕидовите на садот.

Направете го тестото во лепче и оставете го да отстои половина час во сад покриен со крпа.

После тоа, тестото е готово, можете да го расукате и да ги нанесете состојките за пица.

Извор: Телеграф.рс

Фото: Pixabay