Вчера во претпладневните часови, маж од Прилеп починал откако му се слошило додека стоел непосредно до брегот на Охридското Езеро.
Седумдесет и осумгодишниот М.М. паднал во водата, а присутните граѓани го извадиле и му укажале помош. Со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Општата болница во Охрид каде е констатирана смрт.
Извршен е увид на местото на несреќата – соопшти денеска МВР.