Ајварот, зелникот и пастрмајлијата се наша гордост – Македонската кујна е на 34-то место во светот за 2021 година – ММС
ММС

Објавено на: 12/20/21 3:38 PM

Ајварот, зелникот и пастрмајлијата се наша гордост – Македонската кујна е на 34-то место во светот за 2021 година

Светскиот атлас за храна „TasteAtlas“ ги претстави најдобрите кујни во светот и традиционални јадења на планетата за 2021 година.

Македонската кујна се најде на високото 34-то место во светот со просечна оценка 4,23 во гласањето во кое учествувале 100.000 фанови и гурмани ширум светот.

Ајварот, зелникот, таратур салатата, тавче гравче, пастрмајлиите од секој дел на Македонија се гордост на македонската кујна која е светски позната.

А на листата на најдобри јадења во светот се најде само едно од Балканот.

На прво место е мексиканскиот специјалитет „Кочинита пибил“ кој е маринирано свинско во комбинација со паста од анате, сок од горчлив портокал и лук.

Следува бразилската „Пикања“, полското „Пјероги Руски“ и тајландскиот специјалитет „Масаман Кари“.

Во Топ-10 на листата на „TasteAtlas“ се најдоа јадења од Италија, Шпанија, Бразил, Перу и Грција, а кебапите од Сараево се на десетто место со оценка 4,55.

Српската плескавица е на 52. Место со оценка 4,38, додека Хрватска има дури четири јадења на листата.

 

Извор и фото: www.tasteatlas.com