Имам проблеми со срцето и тироидната жлезда – Јелена Розга отворено за нејзиното здравје – ММС
ММС

Објавено на: 12/20/21 1:49 PM

Имам проблеми со срцето и тироидната жлезда – Јелена Розга отворено за нејзиното здравје

Хрватската пејачка Јелена Розга во една прилика изјавила дека откако и биле констатирани здравствени дијагнози, научила дека нема да брза за работата, бидејќи нејзиното здравје ќе го постави на пијадесталот.

„Веќе не сум под голем стрес. Нема да брзам, особено кога е работата во прашање. Подобро се грижам за своето здравје, повеќе го ценам слободното време, знам да кажам не. Го научив и тоа. Морав поради моето здравје. Морав само затоа што имам проблеми со срцето и тироидната жлезда и повеќе не го кријам. Апсолутно веќе немам штитна жлезда и сега реков: „Па доста е, ајде и малку да уживаме“, рекла Розга.

Розга изјавила дека спие помирно откако манијакот кој ја демнеше доби судска казна.

„Мислам дека долго ќе гледам зад грб и ќе ја вртам главата кога шетам преку ден и навечер со моето куче. Не е сеедно кога живееш сам“, признала таа.

Во новата година сака само здравје за себе.

„Само здравје. Здравјето е на прво место и го ценам се повеќе и повеќе, особено кога имам проблеми. Значи – само здравје, се друго ќе дојде“, заклучи таа.

Преземено од: https://www.b92.net/
Фото: Инстаграм