Мицотакис до новиот бугарски премиер – очекуваме наскоро меѓувладина конференција за Македонија и Албанија – ММС
ММС

Објавено на: 12/20/21 1:31 PM

Мицотакис до новиот бугарски премиер – очекуваме наскоро меѓувладина конференција за Македонија и Албанија

На првата официјална средба што грчкиот премиер Кирјакос Мицитакис со новиот бугарски колега Кирил Петков, се зборувало и за ЕУ интеграцијата на Македонија, но на прес конференцијата оваа тема ја спомена само Мицотакис.

На краткиот прес пред бугарските и грчките новинари, Мицотакис рече дека ситуацијата на Балканот била една од темите на разговор.

-Што се однесува до ситуацијата на Балканот, грчката позиција е дека во период на растечки предизвици, праведен пат на Западен Балкан кон ЕУ е во корист на сите. Нашата земја отсекогаш била лост за напредок во целиот регион, изјави Мицотакис и додаде:

-Пред се, најважно е добрососедството. Очекуваме наскоро да се свикаат меѓувладините средби со РС Македонија и Албанија. Сметаме на вашата поддршка за оваа заедничка цел, кажа грчкиот премиер.

Новиот бугарски премиер Петков со ништо не ја спомена Македонија.

Двајцата премиери разговарале и за енергетската состојба, мигрантите, пандемијата, а договориле приоритетот да биде ставен на грчкото поврзување како стратешко значење за двете земји.