Од политичката партија, Алтернатива бараат претседателот на државата Стево Пендаровски да не го потпише барањето доставено од актуелниот министер за правда Бојан Маричиќ за помилување на Бобан Илиќ осуден за убиството на малиот Алмир Алиу. Исто така бараат од премиерот Заев, да се почитува договорот Гаши- Заев.
„По информацијата дека актуелниот министер за правда, Бојан Маричиќ доставил барање до претседателот Пендаровски за помилување на Бобан Илиќ, казнет за убиството на малиот Алмир Алиу на 25 јуни 2016 година. Денес сме тука официјално да бараме од претседателот на државата да не го потпише ова помилување. Ова не би требало да се случи, не само поради тоа што со помилувањето на убиецот се амнестира убиството, туку и поради тоа што ова спаѓа во случаите кои ја разнишале тешко меѓуетничката доверба, па помилувањето на казнетиот ќе ја продлабочи уште повеќе не само недовербата во институциите на правдата, туку и недовербата кон институцијата претседател на државата, а ќе влијае и меѓу етничките односи на нашата земја“, изјавија од Алтернатива на денешната прес конференција.
Затоа тие бараат јавно и од премиерот Заев да го потсети неговиот министер за правда Маричиќ дека на тој на 5 ти декември потпишал договор за соработка со Владата на Република Северна Македонија да побара од Европската Комисија да врши меѓународна истрага на судските случаи за кои постои основано сомнение дека има политички импликации, а помеѓу кој е и случајот на малиот Алмир Алиу.
Остануваме со надеж, велат од Алтернатива дека ниту актуелниот премиер, ниту идниот премиер не сакаат да ја разнишат толку брзо соработката со Алтернатива и чекаат од нив да го повлечат ваквото барање од претседателот и од одруга страна веднаш да се започне со спроведување на договорот Гаши- Заев според кој овој случај треба да следи друг пат.
Г.Д