Актуелната министерка за образование и наука, Мила Царовска денеска на новинарско прашање дали се гледа во новата Влада и понатаму на истата позиција, вели дека одлуката која ја донела е да не учествува во новата Владата со новиот мандатар.
„Јас донесов одлука да не учествувам во новата Влада со новиот мандатар. Во изминатите пет години заедно со мојот тим испорачавме политики во интерес на граѓаните, јас продолжувам да се борам и да ги застапувам истите вредности и за истите политики и навистина верувам во капацитетот и силата на државата, како и силата на жените и младите“, изјави Царовска.
Г.Д