Десет најпопуларни имиња на кучиња во светот – ММС
ММС

Објавено на: 12/20/21 11:25 AM

Десет најпопуларни имиња на кучиња во светот

Со доаѓањето на вашиот љубумец во семејството, за него треба да одберете и име, покрај тоа што ќе му подготвите кревет, храна и ветеринарен преглед.

Еве кои имиња на кучиња се најпопуларни во целиот свет:

Луна

Луна значи месец, а тоа е и името на ликот од Хари Потер-Луна Ловегуд.

Макс

Скратено од Максимилиан, што значи најголем. На ова име му се зголеми популарноста по филмот Гладијатор на Ридли Скот во 2000 година, со Расел Кроу во главна улога.

Бела

На италијански зборот значи убава, а моменталната популарност на името има врска со Бела Сван од филмот Самрак сага.

Лола

Ова е вообичаено женско име во шпанскиот јазик и е скратено од Долорес, што значи тага.

Моли

Моли е име кое често се користи за домашни миленичиња. Од неодамна е популаризирано после филмот за Хари Потер.

Чарли

Името значи слободен човек. Популарноста ја има секнато од Чарли Браун, главниот лик во стрип серијата Пинатс, како и Чарли Харпер од серијата Два ипол мажи, кој го глуми Чарли Шин.

Бади

Бади од почетокот беше прекар за пријател, а тогаш стана и посебно име.

Роки

Ова име стана популарно од ликот Роки Балбоа во филмот Роки.

Џек

Традиционалното англиско име Џек значи Бог е милозлив.

Луси

Името Луси доаѓа од латинското име Лусиус кое потекнува од зборот лукс, кој значи светлост.

извор: Index.hr