Вашето срце е еден од највиталните органи во телото, но не е секогаш лесно да се одржи тој мускул здрав. Според американските центри за превенција и контрола на болести, поради факторите на ризик како што се високиот крвен притисок, физичката неактивност и прекумерното консумирање алкохол во САД, некој доживува срцев удар за 40 секунди.
Речиси 30 проценти од овие случаи завршуваат со смрт, а околу 50 проценти од смртните случаи се случуваат дури и пред лицето да пристигне во болница.
Но, дури и да доживеете срцев удар, постои една храна која може да го намали ризикот од смрт дури за 50 проценти, тоа се лутите чили пиперки.
Италијанско истражување, објавено во списанието на Американскиот колеџ за кардиологија, го испитуваше ефектот на чили пиперките врз ризикот од смрт од срцев удар. Студијата открива дека луѓето кои редовно јадат чили пиперки најмалку четири пати неделно или повеќе, имаат 40 отсто помал ризик од смрт од срцев удар во споредба со луѓето кои ретко ја јаделе таа храна.
Чили пиперката, исто така, го намалува ризикот од смрт од мозочен удар.
Некои експерти веруваат дека главната причина може да биде капсаицинот, активната состојка што ги прави овие пиперки лути.
Чили пиперките ќе ве одведат многу подалеку на патот кон здравје и подолг живот, ако станат дел од вашата исхрана.
Извор: Pink.rs