Министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто при денешната посета на Македонија, на новинарско прашање поврзано со проширувачката рамка на ЕУ, но и спорот со Бугарија истакна дека Унгарија е незадоволна од тоа што на последниот министерски состанок на ЕУ немаше заклучоци, и смета дека тоа е неправедно кон двете земји кои во пакет чекаат датум за преговори.
„Ние бевме незадоволни, можам да кажам и фрустрирани од конклузиите кои што се во врска со проширувањето прифатени во Брисел. Бујар е во право дека требаше да има заклучоци, но уште. Ние сите тие одлуки ги сметаме за неправедни нема, ако сакавме д абидеме чесни требаше да кажеме дека уште оваа година Албанија и Северна Македонија би требало да започнат со преговорите. Сакаме да ги замолиме нашите бугарски колеги да одобрат започнување на преговорите и во текот на преговорите да ги расчистат спорните прашања“, рече Сијарто.
На прашање дали Унгарија има намера да го испорача поранешниот премиер на Македонија, Никола Груевски во земјава, бидејќи против него се води судска постапка и има правосилна пресуда, Сијатро како одоговори рече дека тоа е прашање кое треба да се адресира до судот.
„Што се однесува до прашањето за вашиот поранешен премиер, ова не е политичко прашање, ова е правно прашање и е работа за судскиот систем. Во Унгарија политичарите во врска со тоа не можат да одговорат за тоа“, истакна министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија, Петер Сијарто на денешената заедничка прес конференција одржана во МНР заедно со министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Г.Д