Почина Карлос Марин еден од членовите на квартетот Ил Диво – ММС
ММС

Објавено на: 12/19/21 11:23 PM

Почина Карлос Марин еден од членовите на квартетот Ил Диво

Карлос Марин од Ил Диво почина на 53-годишна возраст, објави класичната група. Марин ќе им „недостига на пријателите, семејството и обожавателите“, се вели во соопштението на социјалните мрежи.

„Никогаш нема да има друг глас или дух како Карлос”, стои во објавата. 

Групата напиша дека се молат за закрепнување на Марин откако тој беше примен во болница овој месец, што ги спречи да ја одложат божиќната турнеја во Велика Британија.

Машкиот квартет беше основан од Сајмон Кауел во 2003 година и постигна три албуми број еден во Велика Британија.