За ладните денови, домашно топло чоколадо – ММС
ММС

Објавено на: 12/19/21 10:01 PM

За ладните денови, домашно топло чоколадо

Пристигнаа студените вечери и иако можеби не сме најголемите љубители на студеното време, ова е одличен изговор да се загреете со топло чоколадо. Овој пат откриваме брз и лесен рецепт за најслаткиот топол напиток, погоден и за веганите.

Задолжително (за 4 лица):

4 шолји бадемово млеко

4 лажици какао во прав

2 лажици кокос шеќер

1 шолја рендано темно чоколадо

2 лажички екстракт од ванила

Прстофат сол

Подготовка:

Во мал сад истурете бадемово млеко, какао во прав, шеќер и рендано чоколадо и убаво измешајте. Загрејте на умерена температура, но внимавајте да не зоврие. Мешајте постојано додека не добиете мазна и кремаста текстура. На крај додадете го екстрактот од ванила и посолете малку. Напитокот се служи во шолји и по желба се додава шлаг, бадеми и какао во прав. На здравје!

Преземено од: https://citymagazine.danas.rs/
Фото: Unsplash