Во пожар во Побожје загина 35 годишен маж – ММС
ММС

Објавено на: 12/19/21 9:05 PM

Во пожар во Побожје загина 35 годишен маж

Во куќа во општина Чучер Сандево, во село Побожје во пожар во куќа не успеал да се спаси 35 годишен маж. Во пожарот интервенирала Бригадата за противпожарна заштита Скопје, информираат од МВР.

„На 19.12.2021 во 00.17 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Побожје, општина Чучер Сандево, настанал пожар во куќата сопственост на Т.С.(64). Притоа, В.С.(35) не успеал да излезе од куќата и починал. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција“, стои во билтенот на МВР.