Четири лица загинаа, а осум се повредени откако се урна дел од мост во градот Ежоу, во централната кинеска провинција Хубеи, соопшти провинциската сообраќајна и полициска управа.
Несреќата се случила во саботата околу 15 часот и 36 минути, кога се урнал дел од мостот со рампа што се протега преку автопатот. Три камиони на мостот паднале, а еден автомобил бил смачкан под урнат столб. Сообраќајот во двата правци на автопатот е блокиран, соопштија властите, пренесе Кинеското радио Интернационал.
Прелиминарната истрага покажува дека преоптоварен камион тежок 198 тони при падот се скршил на два дела.
Гувернерот на провинцијата Хубеи и заменик-гувернерот пристигнаа на лице место за да ја водат спасувачката работа, а сообраќајните полицајци и пожарникарите продолжуваат да обезбедуваат амбулантни возила.
Истрагата за причините за несреќата се уште е во тек.
Преземено од: https://informer.rs/
Фото: Printskrin Ruptly