Христијанските верници денеска го прославуваат празникот Свети Никола, кој се смета за заштитник на морињата.
Христијаните веруваат дека Свети Никола Чудотворец на многупати ги спасувал изгубените бродови и поради тоа тој е заштитник на морепловците, рибарите, бродовите. Во Германија, Холандија и Белгија, се празнува како детски празник кога децата добиваат разни поклони во зависност од тоа кој колку бил послушен во текот на изминатата година. Православната црква го смета за еден од најголемите и најпочитуваните светци.
Соброните храмови денеска беа полни со верници, да запалат свеќа за здравје, но и оние кои го имаат денот како куќна слава носат погача, пченица и црвено вино во црква за осветување, додека некои денеска го празнуваат својот именден.
Фото: МИА