Во моментов АД ТЕЦ Неготино работи со еден активен котел, во зависност од динамиката на мазутот во моментот, но и извозните планови на ЕСМ, односно налогот за производство, вели Небојша Стојановиќ , диркетор на АД ТЕЦ Неготино во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77.
Вкупниот капацитет на ТЕЦ Неготино е 190 мегавати, се состои од два котли со снага од 90 мегавати.
„Од пред неколку дена ТЕЦ Неготино е пуштен во пробно производство, имавме планиран застој имајќи во предвид дека ТЕЦ Неготино 12 години не е пуштен, работевме на речекирање на опремата видовме каде ни се слабите точки, но во моментот сме на мрежа и имаме производство и немаме проблеми“, вели диркеторот Стојановиќ.
Инаку ТЕЦ Неготино е посебно акционерско друштво , кое цело производство го даваат на ЕСМ.
„Имаме договор за деловно техничка соработка со АД ЕСМ, како посебен правен субјект сме ние АД ТЕЦ Неготино и во согласност со договорот сме обврзани да изпорачуваме стуја на АД ЕСМ во моментот“, истакна Стојановиќ.
На новинарско прашање дали стои сеуште зад изјавата, дека ТЕЦ Неготино ќе ја чини државата помалку ако се пушти во производство отколку да се увезува електрична енергија, која е производната цена на ТЕЦ Неготино во моментот на мазут.
„Во моментов производната цена на АД ТЕЦ Неготино е 177 евра за мегават час, при работа со еден котел или 155 евра при работа со два котли, односно со полн капацитет. Гледајќи ги цените на берзите, пример хавариската цена беше 400 евра, сигурно дупло поевтино е производството на АД ТЕЦ Неготино“, вели Стојановиќ.
За понатамошната стратегија на АД ТЕЦ Неготино, Стојановиќ вели дека во овој период е апсолутно неблагодарно да дава прогнози за идниот статус на ТЕЦ Неготино ќе почека оваа енергетска криза која што е глобална да помине, па натамошните планови ќе ги кројат со стратегијата за енергетика на Владата.
Според диркеторот на РКЕ, Марко Бислимоски, во иднина ТЕЦ Неготино ќе мора да се гасифицира. По долги години ТЕЦ Неготино има производна цена која што е пониска од пазарните, инаку преходните години цената на ТЕЦ Неготино е далеку повиска од пазарната.
„ТЕЦ Неготино на годишно ниво чини околу три милиони евра, сега со неговата производна цена за кратко период од декември до апрлил, како што е планирано ќе ги извади тие три милиони евра ќе ги извади парите за плати. Се пкажа дека постоењето на златна резерва во една ваква ситуација и тоа како помага“, изјави Бислимовски.
Г.Д