Вчера околу 21.40 часот, полициски службеници од Полициското одделение Сарај го лишиле од слобода Р.К.(64), поради сомнение дека сторил кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик.
Во 21.30 часот во Полициското одделение Сарај тој пријавил дека во с.Горна Матка, додека бил на лов и чекал диви свињи, застрелал човек, мислејќи дека е дивеч.
Во 21.40 часот на полициски службеници им го покажал местото и телото на починатото лице.
Од екипа на Итна медицинска помош била констатирана смрт и било утврдено дека починатиот е С.Ј.(46) од с.Матка, скопско. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.