Германија ќе формира нова агенција за сајбер безбедност – ММС
ММС

Објавено на: 08/30/18 8:00 AM

Германија ќе формира нова агенција за сајбер безбедност

Германија најави дека ќе формира нова агенција која ќе ја истражува сајбер безбедноста со цел да се надмине зависноста од дигитални технологии од САД, од Кина и од други држави.

Германскиот министер за внатрешни работи, Хорст Зехофер изјави дека на Германија и се потребни нови начини за да стане „главен играч“ на полето на сајбер безбедноста.

– Нашата заедничка цел е Германија да ја преземе главната улога во сајбер безбедноста на меѓународно ниво. Мора да прифатиме дека заостануваме, а кога некој заостанува мора да прифати целосно нови пристапи, посочи Зехофер на заедничката прес-конференција со министерката за одбрана Урсула фон дер Лејен.

Новата агенција е заеднички проект на Министерството за внатрешни работи и за одбрана на Германија.