Стивен Петковски за роденден освои Милионер Џек Пот вреден 1.572.591 денари – ММС
ММС

Објавено на: 12/17/21 9:25 AM

Стивен Петковски за роденден освои Милионер Џек Пот вреден 1.572.591 денари

Стивен Петковски ја донесе најубава среќна приказна во Видеолотарија Казинос Австрија. Стана милионер на својот роденден благодарение на МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивката вредна 1.572.591 денари.

Стивен Петковски од Демир Капија секогаш ќе го памети својот роденден во декември 2021 година, поради МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ кој му донесе 1.572.591 денар. Добивката ја освои во неделата на 12 декември, на видеолотариски терминал во Евротип, во неговото гратче. Дојде возбуден и среќен за да се фотографира со честитката со седум цифри и ја сподели со нас својата среќна приказна.

„Често играм, неколку игри, овој пат ја играв ’40 super hot’ и излезе дека е среќна за мене. Добивката е добредојдена токму сега пред Нова година, а парите има за што да ги трошам. Имам доста работи на ум и прецизен план како да ги потрошам“, раскажа Стивен.

Покрај неговиот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ, во изминатите седум дена регистрирани се уште други двајца добитници на оваа неодолива добивка на Видеолотарија Казинос Австрија.  На 9 декември, во Тетово беше постигнат МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ во износ од 1.456.648 денари. На 6 декември, пак, радост стигна во скопско Маџари, кога беше освоен МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ вреден 1.228.135 денари.

Видеолотарија Казинос Австрија