Македонските возачки дозволи признаени во Данска – ММС
ММС

Објавено на: 12/17/21 8:57 AM

Македонските возачки дозволи признаени во Данска

Од денес нашите возачки дозволи се признати и во Данска, информираат од Министерството за надворешни работи.

-Последните информации кои тукушто пристигнаа од нашата амбасада во Копенхаген, е дека данските власти, а врз основа на билатералната соработка, донесоа одлука за признавање на возачките дозволи на Северна Македонија. Со оваа одлука, граѓаните на Северна Македонија, кои имаат регулирано постојан престој на територијата на Данска, веќе од 14 декември ќе можат да управуваат возило со замена на својата возачка дозвола за соодветна данска возачка дозвола, за категорија Б, без услов апликантот да мора да положи контролен возачки испит. Конечното решавање на ова прашање за државјаните на Република Северна Македонија во Данска е од голема важност за нив и се надминува еден деценски проблем што го обременуваше нивниот секојдневен живот таму, имајќи ја во предвид и бројноста на нашата дијаспора во Данска, информираат од МНР.