Поради состојбата во Британија, кралицата Елизабета ја откажа традиционалната божиќна вечера – ММС
ММС

Објавено на: 12/16/21 10:43 PM

Поради состојбата во Британија, кралицата Елизабета ја откажа традиционалната божиќна вечера

Британската кралица Елизабета Втора ненадејно ја откажа традиционалната семејна вечера пред Божиќ, што предизвика низа коментари дека нешто многу опасно се случува во земјата.

А судејќи по соопштението од Бакингемската палата, кралицата донела ваква одлука поради повеќе од неизвесната ситуација со пандемијата на коронавирус и незапирливото ширење на сојот омикрон.

– Кралицата го послуша советот на професорот Крис Вити, кој истакна дека какви било собири во овој период би претставувале сериозен безбедносен ризик – јавуваат островските медиуми.

Омикрон предизвика сериозна загриженост во Британија, бидејќи е многу полесно да се пренесе од кој било претходен вид, што ги поттикна граѓаните масовно да ги посетуваат здравствените центри за трета доза. Судејќи по фотографиите, редовите се долги неколку десетици метри.

Извор: Србијаданас.ком