Кардиохирургот Сашко Кедев, роден штипјанец, кој живее и работи во Скопје, оваа година ќе го понесе општинското признание орденот на Свети Николе. Орденот на Кедев ќе му биде врачен во недела, на свеченоста се одржува традиционално во Градскиот храм Свети Николај во Штип.
Д-р Кедев е роден 1962 година во Штип. Доктор е на медицински науки и лекар специјалист-кардиолог. Предава на Медицинскиот факултет, сертифициран европски интервентен кардиолог, сертифициран интервентен кардиолог во САД. Алпинизмот е неговото хоби, по кое стана познат дома и во светот.
На свеченоста ќе бидат доделени и неколку признанија на заслужни граѓани од Штип и луѓе кои дале придонес за афирмација за градот.
Брегалничката епархија е дел од празнувањата со одржување на света архиерејска литургија, литија по центарот на градот и сечење на славскиот колач.