Мистерството за здравство информира дека, според податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 2.831 тестирања, а се регистрирани 298 нови случаи на ковид-19: Скопје – 145, Кавадарци – 23, Прилеп – 17, Битола – 14, Кичево – 13, Штип, Охрид и Струмица – по 9, Куманово и Ресен – по 8, Тетово – 6, Гевгелија – 5, Велес , Кочани и Радовиш – по 4, Крива Паланка, Виница и Валандово – по 3, Делчево и Македонска Каменица – по 2, Гостивар, Неготино, Свети Николе, Пробиштип, Кратово, Демир Хисар и Македонски Брод – по 1.
Евидентирани се 335 оздравени од: Скопје – 165, Битола – 25, Кавадарци – 22, Прилеп – 15, Кочани – 12, Куманово и Охрид – по 10, Ресен и Радовиш – по 9, Велес – 8, Штип – 7, Тетово, Крива Паланка и Делчево – по 6, Демир Хисар – 5, Берово – 4, Кичево -3, Гостивар, Неготино и Македонска Каменица – по 2, Струмица , Гевгелија, Виница, Пробиштип, Крушево , Македонски Брод и Пехчево – по 1.
Во текот на изминатите 24 часа има 6 починати лица: по едно од Прилеп (60г), Велес (68г) , Скопје (69г), Кратово (55г), Демир Хисар (57г) и Охрид (55г), сите во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 починати лица од 09.12 до 12.12. Починатите се од Битола (2), Кочани (1) и Велес (1) на возраст од 77г до 85г. Три се починати во домашни, а едно лице во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.512.496 тестирања, вкупно се дијагностицирани 220.467, бројот на оздравени пациенти е 207.238, на починати е 7.778, а на активни случаи изнесува 5.451.