Македонските фудбалери ја чекаат жрепката за Лигата на нации – ММС
ММС

Објавено на: 12/16/21 12:40 PM

Македонските фудбалери ја чекаат жрепката за Лигата на нации

Во седиштето на УЕФА во Нион вечер со почеток од 18 часот ќе биде одржана жрепката за третото издание на Лигата на нации за сезоната 2022/23, а македонската репрезентација се наоѓа во третиот шешир заедно со Грција, Белорусија и Луксембург против кои нема да може да биде во иста група во дивизијата Ц.

Можни противници на македонските фудбалери се Турција, Словачка, Бугарија и Северна Ирска од првиот, Литванија, Грузија, Азербејџан и Косово од третиот и од четвртиот шешир репрезентации на Гибралтар,Фарски Острови, како и поуспешните од пресметките меѓу Казахстан и Молдавија и Кипар против Естонија,

Третото издание на Лигата на нации ќе стартува во јуни кога на програмата се закажани првите четири кола, а групната фаза ќе заврши со преостанатите две кола во септември.