Српскиот пејач Ера Ојданиќ, кој е роден 1947 година, до максимум го живее животот. И додека многу негови врсници одамна веќе не се живи или секој ден пијат шака апчиња за некоја болест, тој се уште ја живее младоста. На ваков човек може само да му се позавиди.
На снимањето на новогодишната програма на Пинк, Ера Ојданиќ открил како и секогаш шокантни детали за интимната врска со неговата 20-годишна девојка.
– За роденден го изнајмив најлуксузниот и најскапиот апартман на Златибор! По бурната ноќ и интимните односи во огромни количини, мојата девојка остана да се одмора на Златибор. Мора да лежи една недела за физички да се опорави!
Тој рекол дека неговото срце бие како ждребе на хиподром и дека нема причина да се плаши за неговото здравје.
– Не ми треба никаква помош за интимни односи. Згодна, убава и млада риба! Овој даса не бара помагала! Да не се фалиме, ама ракета е ракета, се пофалил тој.
Пејачот не крие колку е вљубен во својата нова девојка.
-Сега кога сум заљубена не ми паѓа на памет да се женам, само нека трае вака, сега горам, ќе изгорам, се плашам да не изгорам до овој мој роденден, изјавил Ера во емисијата „Неделно попладне со Леа Киш.
– Вереничкиот прстен е најмал проблем. Само да знаете, јас сум заљубен во моментов.
– За таа „најлуда“ ноќ веќе е обезбеден најскапиот стан на Златибор, а таму ќе преноќам со мојата драга и сакана девојка, рекол тој и додал:
– Ако мисли на друг, Да даде Бог да цркне или да ја проколнам да даде Бог да цркне по мене!
Видеото со бисерите на Ојданиќ може да го видите тука.