Место елка долгот на Општина Тетово од 24 милиони јавно објавен на билборд – ММС
ММС

Објавено на: 12/15/21 10:26 PM

Место елка долгот на Општина Тетово од 24 милиони јавно објавен на билборд

Новото раководство на Општина Тетово, долгот на општината јавно го постави на билборд во центарот на градот кај градскиот зелен пазар. Новиот градоначалник на Тетово Билал Касами, неодамна на прес конференција соопшти дека вкупниот долг на Општина Тетово е над 24 милиони евра.

Според Касами, само Општина Тетово должи 14 милиони евра, а вкупниот долг заедно со јавните претпријатија изнесува 24 милиони евра. Јавното комунално претпријатие, должи 9,7 милиони евра, а ЈП Градски паркинг 187 илјади евра.

Касами истакна дека во преговори е со приватните фирми кон кои должи општината, да се отплати само долгот, а не и затезната камата. 

Ова е само еден од начините да се намали долгот и истиот да се отплати, пред се и со штедење, истакна Касами , а како пример ја посочи откажувањето на новогодишната прослава.

Тој најави ревизија на долгот која го направила претходната локална самоуправа.

(З.Д)