Денеска во 12.20 часот на ул.„Франклин Рузвелт” во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги од СВР Скопје ја лишиле од слобода В.Х.(64) од Дебар, а со место на живеење во Скопје.
За неа била распишана потерница по Наредба на Основно јавно обвинителство Велес за истрага поради сомнение за сторено кривично дело по член 353 од Кривичниот законик – „ злоупотреба на службената положба и овластување“. Лицето било предадено во Основно јавно обвинителство Велес за понатамошна постапка.