По секоја цена ќе се заштити денарот, да нема никакви дилеми за неговата стабилност, рече Бесими за ММС – ММС
ММС

Објавено на: 12/15/21 1:04 PM

По секоја цена ќе се заштити денарот, да нема никакви дилеми за неговата стабилност, рече Бесими за ММС

Не само како министер за финансии, туку и како економист и теоретски познавач на оваа област на граѓаните им соопштувам да бидат внимателни во однос на шпекулациите за девизниот курс, порача министерот за финансии Фатмир Бесими.

– Денарот е стабилен. Имаме фиксен девизен курс, имаме доволно девизни резерви во Народната банка и во досегашниот период сме дале доволно факти дека по секоја цена ќе се заштити девизниот курс на денарот. Тоа е основата на нашиот економски модел, на нашиот монетарен систем и тука нема дилеми, истакна Бесими, одговарајќи на прашањето на ММС по денешната прес-конференција во Владата.

Инфлацијата,е во рамки на предвидувањата и очекувањата на сите меѓународни институции е дека ситуацијата на глобално ниво ќе се стабилизира во втората половина на следната година.

– Инфлацијата е во рамките на превидувањата и е на повисоко ниво во однос на претходната година. Во нашите проекции за 2023 година инфлацијата е два посто и имаме доволно инструменти да го заштитиме денарот кој е основата на нашата економија – додаде Бесими.

Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска изјави дека во Предлог-буџетот за 2022 година не се планирани средства за исплата на К-15 во јавниот сектор.

– За 2022 година нема дополнително предвидено пари за исплата на К-15 во јавниот сектор, истакна Бесими, прашан дали има предвидено пари во Предлог-буџетот за регрес за годишен одмор за вработените во јавниот сектор.

Орце Костов