Се уште трае гаснењето на пожарот во бродот што се запали додека пловеше кон Крит – ММС
ММС

Објавено на: 08/29/18 12:15 PM

Се уште трае гаснењето на пожарот во бродот што се запали додека пловеше кон Крит

Под целосна контрола е ставен пожарот што ноќеска изби во гаражата на бродот „Елефтериос Венизелос“ додека пловеше кон грчкиот остров Крит, но гаснењето се уште трае.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, од бродот и понатаму излегува чад, а непознато е колку возила се опожарени и оштетени исто како што за сега е непозната и причината за пожарот.

Според началникот на грчката противпожарна служба, Василиос Матеопулос, гаснењето на пожарот се врши со вода и пена, а станува збор за особено тешка акција за пожарникарите со оглед на тоа дека е доста тесен просторот, има голем број возила, но и густ чад.

Грција брод пожар

За среќа ниту еден од камионите во бродот не носи запаливи материјали.

На бродот кој вчера во 22 часот тргна од атинското пристаниште за градот Хања на островот Крит се наоѓаа вкупно 1.015 лица, 875 патници и 140 членови на екипажот, а превезуваше и 80 камиони и 152 возила.

Сите патници, како што претходно објави МИА, без повреди и проблеми го напуштија бродот кој наместо кон Крит, по пожарот, смени рута и се врати во Атина.