Македонскиот претседател Стево Пендаровски изутрината во Приштина со сите почести беше пречекан од косовската претседателката Вјоса Османи.
Како што е најавено, двајцата претседатели ќе одржат средба во кабинетот на шефот на државата, а потоа е закажана прес-конференција.
Пендаровски на средбата ќе биде примен и од претседателот на Собранието Глаук Коњуфца.
Ова е прва посета на Пендаровски на Косово по преземањето на функцијата во 2019 година.